Skip to main content
Македонија

Се огласи Дритон Кучи: Се враќам со првиот лет

12/04/2025  14:24

Македонскиот амбасадор во Норвешка – Дритон Кучи, кој е поранешен министер за економија се огласи на социјалните мрежи по информациите дека е еден од осомничените за трагедијата во Кочани и дека во текот на денот се приведени повеќе лица.

MK Summit

Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, напиша Кучи на ФБ.