
Соопштение на СДСМ:
Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ).
Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари.
Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори.
Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат.
Сега мора да чека „поволен момент” за да ги распише.
Резултати нема. Економијата е во колапс. Европскиот пат е целосно заглавен. Изолацијата е комплетна.
Пари од претпристапните фондови на ЕУ нема и нема да има.
Во буџетот наскоро нема да има ни за пензии. Затоа министерката за финансии призна дека немало ребаланс што беше најавен како „инвестициски” наместо „кризен”.
Инвестициски во што?
Во пензии.
Кога државата почнува да позајмува од сопствените јавни претпријатија за да преживее од месец до месец, повеќе нема простор за пропаганда и спинови.
Касата е празна а одговорноста е целосно на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

