Skip to main content
Хроника

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведени три лица

25/07/2026  11:25

На 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко.

При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско, при што била пронајднеа мариахуана.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.