
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка
Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци.
Што значи цените на храната повторно ќе растат.
А Владата на Мицкоски не презема ништо.
Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци.
Потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари а платите не мрдаат.
Сега секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза.
Директно се засегнати и македонските зeмјоделци.
Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна.
Поради неспособноста на Мицкоски и неговата Влада Македонија веќе го живее почетокот на кризата.
Земјоделците гледаме дека денеска повторно протестираат за откупни цени на пиперката кои владата на Мицкоски им ги вети ама не ги испорача.
Ги излажа.
Откупот на пиперката не се „решава” со лаги и манипулации туку со конкретни мерки.
СДСМ ги поддржува барањата на земјоделците. Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари по килограм.
Сега Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари заради зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство.
Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања.
Живее од цената на својот производ. Од сигурен откуп, навремена исплата.
Од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона.
А токму тие трошоци растат.
Субвенциите доцнат или се намалуваат.
Горивото поскапува. Ѓубривото поскапува. Наводнувањето е проблем. А уште сакаат да градат и дата центри.
Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата.
Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци, може да произведува храна и за себе и за регионот.
Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо.
Со ваквата политика на ВМРО-ОКГ, земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа

