
Соопштение за јавност на СДСМ:
Уште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски.
Според документи објавени во бугарски медиуми, генералниот секретар на Владата и негов најблизок соработник, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС” ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија.
Според достапните информации, станува збор за фирма чија дејност е патен линиски превоз на стока, а во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Е сега, суштината е во тоа што во анкетните листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата нема јавно достапни податоци дека Јанушев пријавил поврзаност со компанија во Бугарија.
Токму затоа овој случај бара итна институционална реакција.
ДКСК, Јавното обвинителство и сите надлежни институции мора веднаш да отворат постапка, да ги проверат сите факти и да утврдат дали постои непријавен имот, капитал или деловен интерес во странство и зошто?
Јавноста заслужува одговор на едноставното прашање.
Но, овој скандал открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив.
Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани кои тераат бизниси преку бугарски компании.
Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите.
Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?

