Skip to main content
Спорт

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

24/06/2026  09:52

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, објави дека напаѓачот Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 против Шкотска. 

Триесет и четиригодишниот Бразилец ги пропушти првите два натпревари на Бразил на овој Мундијал.

– Нејмар е во форма, добро тренираше оваа недела и е добро подготвен за натпреварот. Сите сме многу задоволни. Неговите квалитети можат да донесат многу за тимот. Може да ги игра сите 90 минути и се чувствува добро. Нејмар покажа многу добра работна етика во последно време. Ги познава своите соиграчи многу добро, работи многу добро и е многу сериозен. Многу сум задоволен од него. Тој го носи своето искуство и знаење за фудбалот, го цитира AS Анчелоти.

Натпреварот Шкотска – Бразил ќе се одржи на полноќ среда кон четврток на стадионот „Хард Рок“ во Мајами Гарденс.