Search

СДСМ бара Џафери да назначи нов претседател на Комисијата за буџет

СДСМ побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да назначи нов претседател на Комисијата за финансирање и Буџет за да може да продолжи дебатата за државната каса за наредната година.

Од СДСМ тврдат дека од вчера немаат никаков контакт ниту информација од актуелната претседателка Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ зошто два дена по ред ја одлага расправата.

„Колку дена ќе биде општата расправа, а колку ќе биде амандманската зависи од тоа колку пратеници ќе се јават за дискусија на општата расправа… Крајниот датум е 31 – ви декември.“ – изјави Јован Митрески – СДСМ

И од ЛДП побараа Кузмановска да објасни зошто не закажува дебата за Буџетот. Таа пак телефонски преку порака за Алсат искоментира дека нема потреба од брзање.

„Полека ве молам, без брзање, нека помине денешиот ден. Кога ќе продолжи расправата ќе биде објавено на сајтот на Собранието.“ – гласи пораката на Лилјана Кузмановска – Претседателка на Комисијата за финансирање и буџет

Инаку комисиската расправа со општиот претрес почна во понеделникот. Според деловникот таа требаше да трае 10 работни дена по што треба да оди на пленарна седница. За Буџетот има поднесено 270 амандмани, најголем дел од ВМРО – ДПМНЕ и од БЕСА.

Треба да знаете
Последни објави