February 16, 2019 17:13
Македонија

Санте Плус не смее да прима нови пациенти, тие што биле таму префрлени во ГАК, болницата ќе враќа авансно уплатени пари

Санте Плус не смее да прима нови пациенти, тие што биле таму префрлени во ГАК, болницата ќе враќа авансно уплатени пари

Откажани се термините во „Санте Плус“. Претходно уплатените средства на пациентите болницата ќе ги врати во рок од една недела. Ова следи по одлуката на Министерството за здравство на “Санте Плус” да и ја одземе лиценцата откако Државниот здравствен инспекторат утврдил неправилности во работата – недостаток на кадар и соодветна апаратура. Министерот за здравство Филипче ниту денеска не откри други детали за целиот случај.

Болницата од вчера не смее да прима пациенти, а тие што биле таму затекнати, биле префрлени на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од Јавното обвинителство велат дека досега го добиле само обдукцискиот наод, а не и извештајот на Комисија формирана од Министерството за здравство. Од обвинителството кусо кажаа дека надлежниот обвинител го разгледува случајот и се утвердува дали постои основа за отворање истрага.

Ова е прв пат министертсвото за здравство да и стави клуч на една болница поради слаба опременост и недоволна екипираност. Вонредната контрола на санитарниот здравствен инспекторат следеше откако 31-годишната Дебора Џамбази од Кичево, почина при породување во „Санте плус“.

 

Related posts

Велешанец со нож нападнал сограѓанин во свињарска фарма

24info

Тутунска банка доби над два милиони евра од осигурителна компанија за ланскиот грабеж

24news

Османи за АНА-МПА: Се отстранува еден огромен црн камен од нашиот врат

Igor