Skip to main content
Свет

САД ја забрзаа испораката на оружје за Израел, Катар, Емиратите и Кувајт

03/05/2026  16:33

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го забрза одобрувањето на испораките на оружје за Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, вредни повеќе милијарди долари, соопшти синоќа Стејт департментот.

Вкупната вредност на пакетот вооружување надминува осум милијарди американски долари, а опфаќа системи за противвоздушна одбрана за Кувајт и Катар, како и ракети со ласерско наведување за Катар, ОАЕ и Израел, пренесува Си-Ен-Ен. Во рамките на испораките за Катар се наоѓаат и проектили за американскиот систем за противвоздушна одбрана „Patriot“.

Стејт департментот наведе дека американскиот државен секретар Марко Рубио во повеќе случаи оценил дека постои итна ситуација која бара моментално одобрување на продажбата на оружје, со што е заобиколена стандардната постапка за контрола во Конгресот на САД.