
Во Србија пристигнале експерти од Федералната служба на Руската Федерација во врска со наводната употрена на звучен топ на протестот на 15 март, изјави денеска српскиот претсеател, јави МИА од Белград.
Александар Вучиќ нагласи дека експертите почнале работат уште од утрото.
„Синоќа дојдоа луѓе од Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Тие почнаа да работат од утрово. Ќе ќе ги видат сите уреди што ги имаме. Ќе останат овде неколку дена, мислам – седум или осум дена. А, после тоа ќе излезат со својот став за звучниот топ“, рече Вучиќ.
Посетата, според него, ќе придонесе „да се разоткријат уште некои лаги“ и ќе се покаже „што користи опозицијата“ и како тие „ги мамат граѓаните“.
Премиерот во технички мандат, Милош Вучевиќ неодамна изјави дека Србија ги повикала американските и руските служби да спроведат свои истраги и да утврдат дали бил употребен звучен топ за време на протестите во Белград на 15 март.