Skip to main content
Балкан

Руската ФСБ пристигна во Србија, ќе анализираат дали бил употребен звучен топ на 15 март

29/03/2025  14:45

Во Србија пристигнале експерти од Федералната служба на Руската Федерација во врска со наводната употрена на звучен топ на протестот на 15 март, изјави денеска српскиот претсеател, јави МИА од Белград. 

Посетата, според него, ќе придонесе „да се разоткријат уште некои лаги“ и ќе се покаже „што користи опозицијата“ и како тие „ги мамат граѓаните“.

Премиерот во технички мандат, Милош Вучевиќ неодамна изјави дека Србија ги повикала американските и руските служби да спроведат свои истраги и да утврдат дали бил употребен звучен топ за време на протестите во Белград на 15 март.