Skip to main content
Свет

Руска СВР: САД побараа од Украина да ја намали старосната граница за регрутација 

03/01/2025  11:13

Руската надворешна разузнавачка служба (SVR) соопшти дека во Украина е подготвена одлука за намалување на старосната граница за мобилизација на војници и дека таа наскоро ќе биде донесена.

Како што се наведува во соопштението, Вашингтон неодамна побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски итно да ја намали старосната граница за мобилизација на 18 години, пренесува руски „Интерфакс“.

„Во тој поглед, земјите од Источна Европа кои граничат со Украина веќе тајно се подготвуваат да примат нови бранови украински бегалци“, се наведува во соопштението.