Skip to main content
Магазин

Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот кабриолет на годината: Само 100 примероци за одбрани клиенти

16/04/2026  09:34

Првиот член на новата линија Coachbuild Collection ги има најголемите тркала некогаш монтирани на Rolls-Royce и е наменет за купувачи кои сакаат речиси уникатно возило во ограничено издание.

„Ролс-Ројс“ го претстави „Проект Најтингејл“ , нов ултралуксузен електричен кабриолет кој ќе се произведува во само 100 единици.

Моделот е првиот член на новата линија Coachbuild Collection , наменета за купувачи кои сакаат речиси уникатно возило во ограничено издание.

Новиот кабриолет ја користи механичката платформа на актуелниот електричен модел Spectre , што значи дека е напојуван од два електрични мотори со најмалку 585 КС и 900 Nm, а можеби и повеќе во конечната спецификација.

Она што го прави „Најтингејл“ посебен е неговата целосно нова каросерија без покрив, инспирирана од стиловите „Арт Деко“ и „Стримлајн Модерн“ од 1920-тите и 1930-тите.

Автомобилот е долг речиси колку Фантом, но е дизајниран исклучиво за две лица.

Цената не е официјално објавена, но се очекува да биде далеку над 1 милион долари , иако сепак малку пониска од целосно уникатните автомобили на Ролс-Ројс.

Веќе е јасно дека поголемиот дел од планираните 100 примероци се нарачани однапред.