
Сергеј Лавров вчера изјави дека Европската Унија се обидува да ја направи Србија „тампон зона“ за да се спротивстави на Русија.
Зборувајќи на прес-конференција за време на посетата на Пекинг, Лавров нагласи дека Москва го почитува ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин постојано нагласуваше дека европската перспектива ја гледа преку економските интереси и инфраструктурата, но не на сметка на односите со Русија.
„Претседателот Вучиќ постојано повторуваше дека нема да се приклучи на Европската Унија под антируски услови. Ние го почитуваме тој став“, рече шефот на руската дипломатија.
„Антисрпската суштина на ставот на Брисел“
Лавров го критикуваше пристапот на Брисел кон Белград, наведувајќи дека продолжувањето на преговорите за пристапување на Србија е условено од две клучни барања: признавање на независноста на Косово, што го оцени како доказ за „антисрпската суштина“ на ставот на Брисел и целосно почитување на санкциите што Европската Унија ги воведе врз Русија.
„Тоа е сè“, нагласи Лавров, додавајќи дека ваквите притисоци се спротивни на волјата на српскиот народ, кој, според него, негува силни историски симпатии кон Русија и Кина.
