Skip to main content
Македонија

Родени во Македонија, лекари во Софија – судбината ги врати да спасуваат свои луѓе

23/03/2025  23:27

Тројцата лекари од екипата на Брзата помош во Софија, кои први ги преземаа повредените од трагичниот пожар во Кочани, се со потекло од Македонија – објави бугарската телевизија БТВ во специјална емисија посветена на трагедијата.

Во медицинскиот тим се:

• Д-р Марија Кушевска – родена и израсната во Кочани,

• Д-р Татјана Ачова – од Штип,

• Д-р Костадинов – од Пробиштип.

Д-р Кушевска, која заминала како дел од спасувачката мисија, имала длабоко лична поврзаност со настанот. Во пожарот изгубила роднини и пријатели, а додека ги преземала пациентите за транспорт, дознала дека меѓу нив е пријател на нејзиниот брат. На летот кон Софија бил и нејзиниот прв братучед.

Во мисијата учествувал и Д-р Даниел Кировски од Валандово, кој исто така беше дел од тимот што отпатува од Бугарија за да помогне настраданите од катастрофалниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“.

Овие лекари, иако веќе долго време работат надвор од Македонија, покажаа исклучителна посветеност и човечност, враќајќи се во својата родна земја да помогнат во најтешките моменти. Нивниот ангажман и емпатија се силен потсетник дека солидарноста нема граници.