Skip to main content
Свет

Роберт Превост е новиот папа Лав XIV – прв Американец на чело на Католичката црква

08/05/2025  19:40

Католичката црква доби нов поглавар – и тоа по првпат во историјата, Американец.

Кардиналот протоѓакон Доминик Мамберти официјално го објави името на новиот папа од балконот над плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. Новиот папа е 69-годишниот Роберт Превост, кој ќе го носи името Лав XIV.

Роден е во Чикаго, САД, а уште како млад се преселил во Перу, каде што служел мисионерски и оставил значаен белег.

Со неговиот избор, Католичката црква влегува во нова ера, предводена од духовен лидер кој носи нова перспектива и глас од американскиот континент.