Skip to main content
Македонија

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

18/08/2026  09:19

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи.

-Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Македонија. Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа, и да не се користи оган на отворен простор, велат од ЦУК.

Доколку забележите пожар, веднаш пријавете на 112.