Skip to main content
Македонија

Реакција од ДУИ за унапредувањата во Централен регистар

23/03/2026  11:42

Соопштение на ДУИ:

40 унапредувања во Централниот регистар. 0 за Албанците.

Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции.

Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок.

ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба.

Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат.

ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.

Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава.