Skip to main content
Македонија

Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

23/03/2026  11:45

Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата.

Со освојувањето на ова признание, Пиварa Скопје го потврдува континуитетот на високи перформанси и силната корпоративна култура што ја позиционира компанијата меѓу најуспешните во системот на Coca-Cola HBC и на македонскиот пазар. Особено значајно е што оваа награда традиционално ја освојуваат бизнис-единици кои работат на големи и силни пазари како Нигерија, Бугарија и Србија, што дополнително ја нагласува вредноста на овој извонреден успех на Пивара Скопје и воедно претставува силна потврда за квалитетот на работата на компанијата.


Ова високо меѓународно признание е резултат на заедничката посветеност, професионалност и тимски дух на сите вработени во Пивара Скопје. Тоа претставува потврда за силата на тимот на Пиварa Скопје, кој со својата енергија, знаење и истрајност ја води компанијата напред и ја зацврстува нејзината позиција како еден од водечките бизнис енетитети на македонскиот пазар. Истовремено, ова признание e мотив да се продолжи со уште поголема посветеност кон иновации, континуиран одржлив раст и развој и создавање вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата, велат од Пивара Скопје.

За Coca-Cola HBC Групацијата

Coca-Cola HBC е водечка мултинационална групација за производство и дистрибуција на безалкохолни пијалаци и стратешки партнер на The Coca-Cola Company. Групацијата е присутна на 29 пазари и опслужува над 750 милиони потрошувачи. Со едно од најшироките портфолија во индустријата, кое ги вклучува брендови како Coca-Cola, Fanta, Sprite, Schweppes, Cappy, FuzeTea, Powerade, Vergnano Coffee и многу други, групацијата создава вредност за своите потрошувачи, партнери и заедниците во кои делува. Coca-Cola HBC е препознаена и како глобален лидер во одржливост и ESG практики, со силна посветеност на одговорно работење и долгорочен раст.