Search

Рани знаци: 10 симптоми кои укажуваат нa оштетен црн дроб

Црниот дроб е орган кој има важна метаболичка улога. Тој врши повеќе функции во организмот, меѓу кои како најзначајни се издвојуваат детоксификација, регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта како и синтеза на протеини.

Една од важните функции на црниот дроб е производство на жолчка која е неопходна за разградување на мастите, а помага и во апсорпцијата на супстанциите растворливи во масти, вклучувајќи ја и апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К.

 

Жолчката се складира во жолчното кесе и се излачува во почетниот дел на тенкото црево при процесот на варењето на храната. Според тоа, жолчката помага во разградувањето, односно варењето на храната. 

Поради неговото големо значење за организмот и за здравјето, важно е да знаете како да препознаете оштетен црн дроб.

Ова е листа на 10 можни симптоми на оштетен црн дроб:

1. Често имате проблеми со стомакот, чувствувате гадење, мачнина и повраќате.

2. Губите апетит. Црниот дроб го намалува производството на жолчка, па затоа не чувствувате глад.

 

3. Чувствувате умор и слабост поради зголеменото количество на токсини во организмот кои црниот дроб ги нема преработено.

4. Имате нередовна столица и слабо варење, поради недостаток на жолчка која ја раствора храната.

5. Имате променета боја на столица. Ако е жолта, сива или со боја на глина, тоа би можело да претставува проблем.

6. Промена на бојата на урината, иако пиете доволно вода.

 

7. Задржувате вода, ви отекуваат зглобовите и стапалата.

8. Подуеноста може да биде резултат на таложење течности поради оштетувањето на црниот дроб.

9. Може да се појави иритација на кожата како последица од неправилната работа на црниот дроб.

10. Чести грчеви и болки во стомакот.

Треба да знаете
Последни објави