Skip to main content
Балкан

Рама: Стратешките туристички проекти ќе продолжат и покрај протестите

23/06/2026  20:38

Премиерот на Албанија Еди Рама за престижниот економски магазин „Блумерг“, изјави дека неговата влада нема да ја повлече својата поддршка за двата проекта за луксузни одморалишта во Зврнец и Сазан, на компанија на Џаред Кушнер, и покрај тринеделните секојдневни протести против нив.

Тој оцени дека негова должност е да прави разлика помеѓу вистинските демонстрации и политичкиот театар.

Гласачите, вели тој, „ми дадоа силен мандат на минатогодишните избори да продолжам со визијата за трансформирање на земјата во премиум туристичка дестинација, а не да управувам со хаштаг или со најгласното ехо на непотребна галама“.

„Проектите, поддржани од инвестициската компанија на Кушнер, „Афинити партнерс“, станаа фокус на поширок гнев поради начинот на кој се одобруваат големите приватни инвестиции и негрижата за животната средина. Демонстрантите сакаат проектите да бидат откажани и Рама да поднесе оставка, наведува „Блумерг“, објави албанската државна агенција, АТА.

Нашиот стандард, изјави Рама, е јасен: закон, наука, транспарентност и европски обврски – не хистерија”.

-Ниту бучно малцинство, обединето од која било опозициска сила, ниту дигитално засилен бран на гнев, поттикнат од глобалната фасцинација со името Трамп, поврзано со она што јас го верувам дека е извонредна можност за Албанија (и дополнително засилен од мешањето на злонамерни странски актери) нема да нè одврати од спроведувањето на нашата Визија “Албанија 2030 во ЕУ”, изјави Рама.

– Ја отвораме земјата, ги заштитуваме нејзините природни ресурси, привлекуваме сериозни инвестиции и постепено се движиме кон членство во ЕУ – потенцира албанскиот премиер.

Рама, кој во повеќе наврати обвинуваше дека зад протестите стои Иран кој е „единствен непријател на Албанија” сега е со став дека „времето ќе покаже дали Иран не е единствениот вклучен актер“.