Skip to main content
Хроника

Работник во рудник донесен повреден во болница

23/06/2026  14:33

На 23.06.2026 во 02:55 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом Крива Паланка било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен М.Д.(48) од село Киселица, кривопаланечко.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во рудник во Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.