Skip to main content
Свет

Путин разговарал по телефон со своите партнери пред можната средба со Трамп

08/08/2025  19:10

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон со своите колеги во средата пред евентуалниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

Кремљ соопшти дека Путин ги информирал претседателите на Узбекистан и Казахстан по телефон за разговорите со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во средата. Двајцата колеги на Путин изразија поддршка за дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

Според извештаите во белоруските и кинеските медиуми, рускиот претседател разговарал по телефон и со белорускиот претседател Александар Лукашенко и кинескиот претседател Си Џинпинг.

САД и Русија не објавија никакви информации за тоа какви предлози даде Виткоф во Москва за завршување на украинскиот конфликт.