Skip to main content
Свет

Путин: Некои луѓе на Запад не ја разбираат Русија

27/03/2025  09:49

Некои луѓе на Запад не ја разбираат Русија, но овој факт не го попречува развојот на земјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа руските медиуми.

MK Summit

Рускиот претседател оваа изјава ја даде вчера за време на состанокот на надзорниот одбор на организацијата „Движење на првите“, руска организација за деца и млади.

-Има луѓе на таканаречениот Запад кои не ја разбираат Русија. Но, тоа не не спречува да живееме и да се развиваме. Тоа само треба да не мотивира да го зголемиме бројот на луѓе кои не разбираат и сакаат да живеат со нас во мир и пријателство, рече Путин.

Таквата цел може да се постигне со обемна работа со младите, нагласи тој.

„Во оваа област не чека успех доколку активно и ефективно работиме со младите, децата, тинејџерите, оние кои ги креираат темелите на иднината на земјата и ја ценат оваа земја“, додаде тој.