Skip to main content
Балкан

Протести во повеќе градови во Србија: Ректорите и професорите кажаа „не“

04/02/2025  22:26

Поминаа три месеци од несреќата на железничката станица во Нови Сад, а повеќе од два месеци траат протестите и студентските блокади со кои се бара утврдување на одговорноста за несреќата и спроведување на правдата и правата. Блокадите продолжуваат и денеска.

Форумот на белградските средни училишта донесе одлука за прекин на наставата. Ректорската управа на Универзитетот во Белград ја одби поканата на претседателот Александар Вучиќ за дијалог.

Професори од белградските факултети во понеделник се собраа пред Филозофскиот факултет и пред Ректорската управа во Белград за да ги поддржат студентите во нивните барања за исполнување на четирите барања.

Професорите собрани во иницијативата „Бунтвен универзитет“ решија да бидат официјална поддршка за студентите. Оваа иницијатива ја потпишаа 1.600 вработени на факултетите и институтите во Белград.

Во 17:00 часот на Ѓачки трг во Крагуевац започна протестниот собир „Просветители за просветлување“. Собирот го организира Форумот на основните и средните училишта во Крагуевац, со поддршка на студенти, ученици, земјоделци и моторџии.

Протести се одржуваат во Крагуевац, Пожега, Лазаревац, Краљево, Лесковац, Земун …

Во Деветтата гимназија во Белград во тек е состанок на Советот на родители. Полицијата не дозволува некои да влезат, но по голем притисок сепак ги пушти.