Skip to main content
Скопје

Протест во Бутел против високите сметки за струја закажан за утре

05/03/2025  15:30

Граѓани незадоволни од високите сметки за струја за декември и јануари се организираат преку социјалните мрежи за да го изразат револтот преку протест.

Според повикот што се дистрибуира на социјалните мрежи, протестот ќе се одржи утре, со почеток во 13:00 часот, пред канцеларијата на ЕВН во Бутел.

Граѓаните на социјалните мрежи споделија и фотографии од нивните сметки. Некои од нив се движеа од 35.000 до 75.000.

Здруженијата на инќженери вчера побараа да се отчитуваат броилата секој месец.