Skip to main content
Македонија

Пронајдено малолетното девојче од Кадино – било кај познаник во Илинден

13/04/2025  22:17

Полициски службеници од СВР Скопје денеска успешно го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско, за кое едниот родител пријавил во Полициската станица Петровец дека се оддалечило од домот.

MK Summit

Брзата полициска акција резултирала со пронаоѓање на девојчето заедно со родителот во село Илинден. Според информациите, девојчето доброволно заминало кај познаник.

Случајот е расчистен и малолетничката е вратена кај семејството.