Skip to main content
Хроника

Приведени три лица во врска со загадувањето на водата во Гостивар

20/07/2026  15:44

Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод.

Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар.

Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за прибирање докази во предистражна постапка.