Skip to main content
Хроника

Приведен стружанец, кај него е пронајдена дрога

23/04/2026  11:30

На 22.04.2026 во 15:25 часот на ул.„ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(27) од Струга, затоа што при извршен преглед кај него, биле пронајдени и одземени 41 паковка со марихуана.

А.М. е задржан во Полициска станица Струга и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.