Skip to main content
Хроника

Приведен скопјанец, вознемирувал 23-годишна девојка, ја следел и ѝ тропал на врата

19/11/2026  16:08

На 18.11.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.С.(32) од Скопје.

Според информациите од МВР, 23-годишна жена пријавила дека приведениот ја вознемирувал, односно ѝ се јавувал телефонски, ѝ пишувал пораки и ја следел пред нејзиниот дом, а исто така и тропал на влезната врата од домот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.