Skip to main content
Хроника

Приведен 21-годишник кој возел мотор без дозвола

20/04/2026  21:39

– На 17.04.2026 на улица „Народна револуција” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(21) од кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал мотоцикл „џонвеј” со кумановски регистарски ознаки   пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола.

– По документирање на настанот против него ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик, стои во соопштението.