Search

Притворениот Мукоски штрајкува со глад 7 дена

Според неофицијални информации на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Крсто Мукоски, кој е во притвор, веќе една недела штрајкува со глад и неговата состојба не е добра.

Денеска имавме средба со политичкиот претставник за правни работи на ОБСЕ, Џеф Били кого директно го запознавме и му укажавме за нашите забелешки околу кршењето на човековите права на сите лица кои што се засегнати и обвинети околу настаните за 27-ми април – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојловски денеска на прес конференција.

Претставниците ги пренеле и нивните забелешки околу кршењето на правните процедури и кршењето на полициската процедура при приведувањето на пратениците.

Манојлоски го обвини СДСМ за „класичен политички реваншизам, демонстрирање на сила и силување на институциите“.

Треба да знаете
Последни објави