Skip to main content
Хроника

Претрес во „Идризово“ најдени 92 кесички со дрога

21/05/2026  13:04

На 20.05.2026 во 10:26 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 08:00 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 92 кесички со прашкаста материја и дигитална вага. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.