
Изјава за медиуми на гененералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
Ало Савески, обвинителот кој е на телефонска линија со Мицкоски, уште еднаш докажа зошто е поставен. Да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност.
За само 2 недели, експрено донел решение за отфрлање на Кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Христијан Мицкоски.
„Бидејќи пријавените кривични дела не се дела кои се гонат по службена должност” пишува во решението за отфрлање на пријавата.
Не го викнал ниту на распит.
Да го праша за „чувствата” за тоа како од позиција на премиер, јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија.
Се слушнале на телефон повторно?
Чувствата на Мицкоски ги диктираат судските пресуди и работата на обвинителството.
Ова ало Савески го потврди.
Само 2 недели за спас на Мицкоски му беа доволно, а од друга страна, Обвинителството 170 дена не реагира на аферите со криминални тендери на власта кои ги објави СДСМ.
Нема ништо за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за Матсеф, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема одговор ниту за кривичната пријава против Трајко Славевски.
Христијан Мицкоски е обвинител, судија, од кого зависат одлуките.
Судството и обвинителството се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците.
Затоа се обединуваме околу Фронт за вистина и правда и новиот Закон за антикорупција.
Граѓаните повеќе немаат доверба во овој систем.
Потребни се конкретни дела кои од корен ќе ја сменат работата и ќе го сменат криминалниот систем.
СДСМ ќе ја продолжи борбата против криминална организација на Мицкоски.
Нема да запреме.
Доаѓа време кога сите ќе одговараат, од прв до последен.

