Вечерва Јагодина е потресена од вооружен инцидент во кој беше убиен сопственикот на кафеаната Д.М. (56), додека две лица се повредени и хоспитализирани.
Според последните информации од српските медиуми, лекарите од Итната помош не успеале да го спасат животот на Михајловиќ, кој подлегнал на повредите. Престрелката се случила на улицата „Иво Андриќ“ во населбата Стрелиште, а полицијата веднаш го блокирала сообраќајот во тој дел на градот.
Трага по напаѓачот
Осомничениот напаѓач, кој веднаш по злосторството побегнал, сè уште е во бегство. Полицијата интензивно работи на негово лоцирање и утврдување на мотивите и околностите за инцидентот.
Од болницата во Јагодина потврдуваат дека млад маж и девојка, кои биле ранети во престрелката, се на опсервација. Едниот од гостите е повреден во нозете, а другиот во стомакот.
Јавноста е во очекување на нови информации додека трае потрагата по сторителот на овој шокантен инцидент.