
На 02.10.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плато од бензинска станица на подрачјето на Карпош во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(49) и велосипед, управуван од Д.Д. (73) двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница “8 Септември” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

