
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја посети Поликлиниката Бит Пазар, каде заедно со директорот на Здравствен дом – Скопје, Самир Исени, разговараа за актуелните потреби на институцијата и можностите за подобрување на условите и услугите за граѓаните.
За време на посетата се разговараше за можностите за обезбедување нова опрема, реновирање и модернизација на објектите, како и за зајакнување на стручниот кадар, како важни сегменти за унапредување на функционирањето на Поликлиниката Бит Пазар.
„Секој ден сме на терен, таму каде што се потребите на граѓаните. Денеска во Поликлиниката Бит Пазар конкретно разговаравме за нова опрема, реновирање и модернизација на објектите, како и за зајакнување на стручниот кадар. За нас е важно потребите директно да ги слушнеме и идентификуваме, а потоа да ги претвориме во конкретни проекти и активности во служба на граѓаните“, изјави Меџити.



