Skip to main content
Хроника

Прегазен пешак во Штип, итно пренесен во болница

12/03/2025  12:27

На 11.03.2025 во 11.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Штип, патничко возило „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од лице од Штип, удрило во пешак (67г) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.