Skip to main content
Култура

Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД

17/12/2024  10:28

Денеска во Македонската филхармонија во Скопје во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, ќе се одржи предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД.

На концертот, кој оваа година се изведува под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, ќе се изведе репертоар од различни нумери од познати светски автори: Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, како и повеќе нумери од познати композитори од земјите на оркестрите.

На предновогодишниот концерт ќе присуствуваат: претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова,  министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости.

Оркестарот на македонската Армија, во духот на соработката, со оркестрите од сојузничките армии веќе неколку години одржуваат заеднички концерти.