
Предлог листата со производи кои Стопанската комора за трговија на големо и мало смета дека треба да добијат намалени маржи и да поевтинат испратен до Министерството за економија, до Владата и до Пазарниот инспекторат.
Ја скроија додека Мицкоски и Дурмиши се на патувања надвор од земјава но очекуваат истата да биде разгледана до крајот на неделава. Телма вчера ја објави предлог листата со продукти која ја составија трговците на која се најдоа 140 продукти со маржа од три до 15 проценти, но според последните информации таа претрпела мали корекции односно најверојатно е проширена, но од комората за сега не споделуваат информации.
Според листата која ја објави Телма меѓу производите со намалени маржи се најдоа лебот, млекото, овошјето, зеленчукот, зејтинот, како и средствата за хигиена. Трговците сметаат дека мерката треба да важи еден месец со што би се опфатиле и верските празници Велигден и Рамазан.
Изразија очекување дека решение ќе се најде до крајот на неделава. Информираа и дека во наредниот период нема да даваат никакви изјави поради осетливоста на темата и актуелната состојба. Меѓувреме и од Министерството за економија потврдија дека до крајот на неделава ќе има конечна одлука со која ќе се изврши притисок врз цените на основните прехрамбени продукти