Денешното попладне во Македонија донесе релативно високи температури на воздухот, кои се претежно натпросечни за овој период од годината, па така најниска температура од градовите до 13 часот е измерена во Дебар, и тоа 8 степени, додека најтопло во исто време беше во Гевгелија со измерени дури 18 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 13 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.