Skip to main content
Балкан

Познати се деталите за пожарот во кој загинаа три деца во Хрватска, се појави и шокантна снимка

07/03/2025  11:02

Претседателот на Советот на ромското национално малцинство на жупанија Меѓумурје, Матијаш Дидо Оршуш е потресен и во шок по синоќешната трагедија во ромската населба Куршанец, во Хрватска, каде три мали деца загинаа во пожар во семејна куќа.

„За жал, изгубивме три мали деца во пожар во куќата каде што спиеја родителите. Имаше пожар на скалите во куќата, тие спиеја горе. Пожарникарите не можеа да помогнат и да ги спасат, а ниту локалното население не можеше да помогне бидејќи огнот гореше толку силно и не можеа да направат ништо“, рече Оршуш за хрватските медиуми.

На снимката објавена од хрватските медиуми се гледа како пламенот пробива низ покривот на куќата, додека луѓето собрани околу куќата врескаат за помош.

Тој истакна дека ова е добро семејство. „Таткото работи во Виндија, планираа да купат куќа, за што зборувавме пред неколку дена, а сега се случи. Тие не се корисници на социјална помош“, истакна Оршуш.

Целиот текст и видеото на Макфакс со клик ТУКА.