
Низ Македонија, особено во западните региони, патиштата остануваат неисчистени од снег, што предизвикува сериозни проблеми во сообраќајот. Редакцијата добива постојано информации и фотографии од различни делови на државата, кои ја покажуваат катастрофалната состојба на патиштата. Особено тешка ситуација е во Тетово, на патот Тетово – Гостивар, како и на патот за Стража.
Трасите не се исчистени од снегот, а на некои места создадени се вистински колапс ситуации. Возачите пријавуваат долги чекања, како и опасни услови за патување. Иако зимската сезона е во полн замав, сообраќајната полиција и надлежните институции не успеваат да ги решат проблемите со чистењето на патиштата, што предизвикува загрижувачка ситуација.
„Во моментов, патиштата кон Гостивар и Стража се речиси непроодни. Снегот не е исчистен, а сообраќајот е целосно застојан. Ситуацијата е катастрофална“, вели еден од возачите кој се обидел да помине низ овој регион.
Граѓаните бараат итна реакција од локалните и државните власти за да се спречат несреќи и да се олесни сообраќајот во овие зимски услови.
