Skip to main content
Хроника

Повредени се тројца припадници на АРМ во денешната сообраќајка кај Кочани

21/03/2025  15:10

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел.

Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.

На лице место се излезени МВР и припадници од Воената полиција, информира МВР.