Skip to main content
Хроника

Повредена жена во страшната сообраќајна несреќа во Аеродром – Увидот се уште трае

15/04/2025  20:02

Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопски Аеродром, при што еден автомобил се преврте на кров. МВР за 24Инфо го поврди случајот и притоа информира дека во сообраќајката е повредено едно лице и веднаш е пренесено во болница.

На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на бул. “Јане Сандански” во Скопје, во која учествувале патничко возило “киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (41) од Скопје и патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. (32) од Скопје.

В.Ш. е пренесна во ГОБ “Св. Наум Охридски” за укажување помош. Во тек е увид.

Увидот трае веќе два часа и автомобилите се уште не се отстранети од улицата, поради тоа предупредуваме на внимателно возење во тој регион на Скопје.