Skip to main content
Македонија

Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица

09/06/2025  15:03

Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар”, со хеликоптер се упатија на одредената локација  за спасување на лицето.
По пристигнување на посочениот терен и прецизно лоцирање на повреденото лице истото беше безбедно евакуирано од страна на полициските службеници и транспортирано до Меѓународниот аеродром „Св. апостол Павле” во Охрид, од каде што беше преземено од Итна медицинска помош и транспортирано за натамошно укажување на лекарска помош.