Skip to main content
Хроника

Полицијата трага по 26-годишниот кумановец кој што е пријавен за исчезнат

15/04/2025  14:39

Дваесет и шестгодишниот кумановец којшто пред два дена беше пријавен за исчезнат, сè уште не е пронајден, информираше денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.

На 13 април, годинава во 14:00 часот во полицијата, педесет и петгодишниот Н.М.(55) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.М.(26), кој имал здравствени проблеми, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.