
Полицијата ја уапси младата сопственичка на кравите од кривопаланечко – случај кој подолго време е присутен во јавноста.
Ј.Ѓ. е уапсена затоа што спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток.
– На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток, информираа од полицијата.
Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.


