Skip to main content
Македонија

Поклоникот Серафимовски осми ден пешачи до Јаши, Романија каде се моштите на Св. Петка

03/05/2025  08:21

Скопјанецот Сашо Серафимовски продолжува со своето поклоничко патување кон Јаши, Романија.

MK Summit

На осмиот ден, Серафимовски пристигна во манастирот Тумане, соседна Србија, а негова следна дестинација е Ѓердап кој се наоѓа на српско-романската граница.

Серафимовски своето патување го започна на 26 април од Скопје од пеш се упати кон соборниот храм во Јаши, каде се наоѓаат моштите на Света Петка.

Поклоникот е во добра состојба на за време на целото пешачење е придружуван од комбе кое ги нуди сите логистички и медицински потреби.

Претходно, тој пеш отиде до Рилскиот манастир во Бугарија, а планирани се и следни поклоненија на Света Гора и манастирот Острог во Црна Гора.