
Друштвото на писателите на Македонија информира дека денес почина писателот и новинар и публицист Наум Бајо (81), роден е во април 1943 во Долна Белица, Струшко.
Наум Бајо беше член на ДПМ од 2001 година. Помеѓу другите дела, автор е на романите „Живот“ (1994), „Црвените птици над Рим“ (1995), „Часовник од цвеќе“ (1997), „Камено сонце“ (2001).
Бајо долги години беше дописник на „Нова Македонија“ од Струга.